Состојки:
1 пакет макарони по избор
200 гр аспарагус
200 г пушена сланина
200 г рендан кашкавал
20 мл маслиново масло
сол
црн пипер
1 чешне лук, мелено
Подготовка:
Сварете ја пастата во солена вода. Исцедете ја. На среден оган во топло маслиново масло испржете го лукот. Исечете го на крупни парчиња аспарагусот и додадете ги на лукот.
Промешајте така за околу 4-5 минути.
Намачкајте тава за печење. Ставете во неа макарони. Кон неа додадете аспарагус со лукот и сланината. Зачинете со зачини и промешајте. Одозгора посипете темелно со рендан кашкавал.
Печете во загреана на 180-200 степени рерна околу 30 минути. По желба посипете со свеж магдонос за финале.