[РЕЦЕПТ] Мариниран лосос со лук и соја сос

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Состојки:
6 парчиња филети од лосос
1 чешне лук
½ чаша кафеав шеќер
½ чаша масло / маслиново масло
½ чаша вода
½ чаша соја сос
сол
црн пипер
1 лимон
Подготовка:
За да направите маринада измешајте соја сос, масло, зачините, ситно исечканиот лук, истегајте сок од лимон, шеќерот и водата. Измешајте добро и потопете ги филетите во маринатата. Оставете така во фрижидер за неколку часа. Загрејте масло во тава на средна температура. Испржете го лососот од секоја страна по неколку минути. На овој начин рибата може да се приготви и на скара.