Состојки:
1 пакетче подготвено тесто за пица
200 г доматно пире
маслинки
1 кромид
2 лути пиперки
200 г шунка
200 г кашкавал
Подготовка:
Поделете го тестото на две половини. Расукајте ја прво едната, а потоа другата врз набрашнета површина. Со помош на чаша исечете кругови. Намачкајте го секое со малку доматен сос, ставете ситно сечкани билки по ваш избор, се сече шунка, кромид, маслинка, лута пиперка и конечно рендан кашкавал.
Наведените состојки се само дел од она што може да се стави на вашите пици, дајте слобода на вкусовите.
Печете во тави, врз хартија за печење во загреана рерна на 180 степени.