[РЕЦЕПТ] Млад потпечен компир со пармезан

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Состојки:
1 кг компири
5 лукчиња
1 лажичка сува мајчина душица
1/2 лажичка суво оригано
1/2 лажичка сув босилок
1/3 чаша свежо рендан пармезан
2 лажици масло
сол и црн пипер
Подготовка:
Измијте ги компирите и исечете ги на мали парчиња или оставете ги цели (ако се мали). Ставете ги во тава за печење, која е однапред благо намачкана со путер или маслиново масло. Додадете кон нив сол, црн пипер, сецкан лук, сувите зачини и маслото.
Печете во загреана рерна на 200 степени. Кога компирите ќе се речиси готови, може да ги посипете со рендан пармезан и запечете за уште неколку минути.