[РЕЦЕПТ] Модар патлиџан потпечен со кашкавал

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Состојки:
За 4 порции:
1 кг модри патлиџани
3-4 домати
150-200 г топено или сино сирење
100 г кашкавал
зачини по избор

Подготовка :
Излупете модар патлиџан и запржете го во масло, по што ќе го наредите во сад и покриете со избраното сирење. Во посебен сад испржете рендани домати, кон кои додаваме зачини по вкус – на пример соја сос, сол, бибер, рузмарин и мајчина душица. Дел од готовата смеса истурете ја врз наредениот модар патлиџан и потоа повторно наредете ред модар патлиџан, топено сирење и доматната смеса додека не се потрошат производите. Изрендајте кашкавал и запечете на 15-20 минути во умерена рерна. Јадењето се сервира ладно и е неверојатно вкусно.
Пријатен апетит.