Рецепт: Омлет со кашкавал и чиа семе

од Vladimir Zorba
521 прегледи

Омлет за појадок, секогаш добар предлог.

Состојки:

– 3 јајца

– 2 лажици маслиново масло

– 1 лажица чиа семе

– 4 супени лажици млеко

– малку рендан кашкавал

Подготовка:

Оставете го млекото измешано со чиа семето да отстои околу 20 минути.

Потоа додадете ги јајцата и добро изматете.

Загрејте го маслото во тава на умерена температура, па истурете ја смесата. Посолете малку.

Кога ќе се испече од дното, на едната страна од омлетот се става ренданиот кашкавал, па се покрива со другата страна.

Почекајте малку да се растопи сирењето, па послужете со салата по ваш избор.

Пријатно!

Слични содржини