[РЕЦЕПТ] Отворени полнети бабури со мелено месо

од Vladimir Zorba
582 прегледи

Производи:
3 големи пиперки
500 гр мелено месо
1 јајце
сол, бибер по вкус
1 лажица сенф
1 лажица кечап
1 мала главица кромид
6 тенки парчиња или 250 грама рендано сирење

Подготовка:
Исечете ги пиперките на две половени, отстранете ги семето и рачките и измијте ги. Ставете ги на сад со нелеплив слој или на хартија за печење. Исечете го кромидот фино и додадете го за мешање заедно со сенф, сол, јајце, црн пипер и кечап.

Измешајте го месото добро со зачините и наполнете ги пиперките. Печете во загреана рерна 180 степени за околу 30 минути. Потоа ставете сецкано или рендано сирење на секоја пиперка и гответе уште неколку минути се додека не се стопи сирењето.