220
Здрав појадок готов за 10 минути.
Состојки:
– 1 зрела банана
– 1 лажичка кокосово масло или путер
– 1 лажица путер од кикирики
– 50 гр овесна каша
– 300 мл млеко
– 1 лажичка мелен лен
– 1 лажичка цимет
– прстофат морско оревче
– прстофат сол
Подготовка:
Исечете ја бананата, па пропржете ја кратко на кокосово масло или путер.
Додадете путер од кикирики, овесна каша, мелен лен, млеко, цимет, морско оревче и сол.
Гответе ја кашата додека не се згусне, околу седум минути.
По желба посипете со парчиња кикирики, ореви, лешници или бадеми и прелијте со мед.
Пријатно!