[РЕЦЕПТ] Овошен замрзнат јогурт

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Состојки:
300 г јагоди
3 банани
400 г јогурт или кисело млеко со висока масленост
Подготовка:
Измијте ги и исчистете јагодите, лупете ги бананите и исечете ги на парчиња. Ставете ги плодовите во соодветен сад и замрзнете ги во замрзнувачот. Потоа ставете ги во блендер и додадете го кон нив јогуртот. По желба може да додадете мед за сладост или чоколадо. Сè се меле добро.
Пресипете ја смесата во соодветен сад, посипете со мали парчиња свежо овошје, покријте со домаќинска фолија и ставете во замрзнувач за околу 2 часа. Послужете со лажица за сладолед.