Состојки:
1 пакет лингуини
300 г чаден лосос
250 г домати
150 мл течен готварска крем
1 грст маслинки
20 мл маслиново масло
оригано
сол
црн пипер
2 чешниња лук
Подготовка:
Излупете ги и исечете доматите на четвртинки. Сварете ги лингуините во солена вода. Исечете го лососот на ленти. Исечете ги и маслинките на половинки, а може и на капси.
Загрејте го маслиновото масло и во него пржете го лукот додека не потемне. Додаде кон него и маслинките. Промешајте за да се измешаат вкусовите. Потоа додајте го и филето од риба да се испржи заедно со лукот и маслинките. Зачинете со зачини.
Истурете павлака додека мешате постојано, за да не загори лососот, а и за да не се згрутчи павлаката. Конечно промешајте ги во сосот и варените лингуини и сервирајте.