[РЕЦЕПТ] Печени компири со пармезан, лук и копар

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Состојки:
500 г свежи компири
150 г пармезан
½ врска свеж копар
црн пипер
сол
лук на гранули
1 коцка путерd58e1aae6f0ac68c9ee0449dc9b5ea83

Подготовка:
Измијте го добро компирот. Оставете ги цели. Најдобро е да се млади компири за да не мора да ги лупите. За целта изберете помали компири, за да не мора да ги сечете. Стопете го путерот и истурете го во тава за печење.

Ставете ги компирите и посипете со претходно рендан пармезан. Зачинете со сол, лук на гранули и пипер. Печете го компирот за околу половина час во загреана на 220 степени печка. Непосредно пред да се подготвени посипете и со ситно сецкан копар.