Состојки:
За 4 порции:
Една тегла сос од домати или 6-7 излупени и свежо мелени домати;
Околу 300 г пилешко филе;
Бел и црвен пипер;
кари; сол.
6-7 цели лукчиња;
Крем за готвење;
2 лажици масло,
2 лажици брашно
Подготовка:
Доматниот сос дополнете го со 500 ml вода и оставете да се вари на силен оган околу 30 минути. Паралелно со ова пилешкото филе пржете го во посебна тава до зацрвенување и исечете на мали парчиња.
Кога сосот ќе зоврие, се прави т.н. лажна запршка – во мала чаша се мешаат маслото, брашното и црвениот пипер во еднакви делови и се додаваат постојано мешајќи кон супата. Тоа ја прави повеќе густа. Во врела супа се пуштаат пилешките парченца и целите лукчиња, се додаваат зачините.
Варете на тивок оган уште 10 мин. Додајте вкус со зачините, лутина по вкус. При пренесување на супата во секоја порција се додава една лажица павлака за готвење, без да се меша. Се слижи топло.