Состојки:
400 г пилешки гради
2 страка целер
4 јајца
1 кромид
2 моркови
1 лажица сок од лимон
сол
Подготовка:
Во длабока тава сварете ги пилешките гради, претходно исечете ги на помали коцки заедно со исечените моркови. Добро е водата да е солена.
Кога ќе зоврие, додадете ги јајцата едно по едно многу бавно, за да не се зготват одеднаш.
Промешувајте постојано додека јајцата започнат да се згуснуваат. Исечете го кромидот на големо и додадете го и него. Варете до целосно омекнување на производите.
При сервирање може да додадете и крутони.