Производи:
8 парчиња сланина
4 пилешки гради без коски пресечени на половини
500 гр спанаќ
1 чаша дробено сино сирење
2 лажици брашно
1/8 кафена лажичка црн пипер
¼ лажичка сол
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Запржете ја сланината додека не стане златна и крцкава. Исцедете ги маснотиите на кујнската хартија и оставете ги настрана.
Рерната се загрева 180 степени. Во голема чинија, измешајте го сецканиот спанаќ и синото сирење. Додајте им сецкана сланина.
Пилешките гради нежно исчукајте ги за да се истенчат. Наполнете ги со филот и шијте го по површината месото. Се ролаат и шиат со конец ако е потребно. Посипете со црн пипер и сол. Се тркала во брашното.
Запржете во врел зејтин на секоја страна.
Потоа префрлете во садот за печење и печете уште 30 минути или додека не е целосно подготвено.