[РЕЦЕПТ] Пилешки гради во сос грејви

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Состојки:
500 г пилешки гради филети
1 глава кромид
сол
црн пипер
50 мл маслиново масло
1 лажица брашно
30 г путер, стопен
1 коцка пилешки бујон044da11e1b6aaa9939b1f1a1a4eab7f9

Подготовка:
Пилешките гради можат да се исечат на крупни парчиња, а може и да се остават така, цели. Се зачинуваат со солта и пиперот. Се запечуваат во загреано масло за околу 10 минути.

Извадете го месото. Маста се цеди и во истата тава се топи путерот. Кон него се додаваат брашното и кромидот. Промешајте, додека брашното се раствори добро во маслото, а кромидот се пржи. Претходно растворената супа во околу 300 мл вода се излева во тава и сè се промешува добро, додека се дозготват остатоците од пилешкото.

Откако сосот се згусне може да се додадат уште зачини по вкус. Пилешкото се сервира, преплавена во сосот грејви.