Состојки:
200 г крем сирење
150-200 г сирење чедар
1 чешне пасиран лук
бибер по вкус
неколку страка сецкан млад лук
3 парчиња пилешки гради
околу 12-15 парчиња пршута
2 листови лиснато тесто
Подготовка:
Во сад измешајте состојки за филот. Направете страничен надолжен пресек на пилешките гради, за да се добие нешто како џеб во кој може да се стави филот. Потоа врз даска за сечење подредете 4-5 парчиња шунка, ставете месо и завиткајте ролна.

Во добро загреана тава со малку масло запржете го неколку минути ролатот. Потоа од лиснатото тестото исечете правоаголник, малку поголем од големината на месото. Стави го ролатот во него, намачкајте го тестото на рабовите со малку жолчка и ставете уште едно парче од тестото.
Исечете ги вишокот краеви и со помош на вилушка ги запечатете. Намачкајте со жолчка и печете во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути.