[РЕЦЕПТ] Пилешко пармиџана

од Vladimir Zorba
515 прегледи

Состојки:
1 јајце, скршено
100 г лебни трошки
1 кг пилешки гради
1 тегла доматен сос за шпагети
300 г рендана моцарела
¼ чаша рендан пармезан

Подготовка:
Изматете јајца во еден сад. Ставете лебни трошки во друг сличен сад. Потопете го пилето во јајцето, потоа во трошките. Ставете го врз послана во тава хартија за печење.

Печете во загреана рерна за 40 минути на околу 180 степени со вклучен вентилатор.

Истурете сос за шпагети на пилето, посипете темелно со моцарела и пармезан и печете до добивање на малку кафеав тен или околу 20 минути.

Забелешка : Можете да сервират врз варена паста.