Состојки:
едно пиле, околу 1,200 килограми
600 г домати
1 голема главица кромид
60 мл суво бело вино
2 лажици мелени ореви
50 г путер
3-4 чешниња толчен лук
сол и бибер по вкус
црвен лут или сладок пипер по вкус
2-3 страка коријандер
Подготовка:
Измијте го пилето и исечете го на парчиња. Ставете го во добро загреана тава со нелеплив слој, без да додавате масти. Кога месото ќе добие блага коричка, може да додадете масло и исечен кромид. Штом кромидот ќе подомекне, додадете го и виното. По 5 минути може да се стават и сецкани домати, сол, црн пипер и коријандер.
Гответе го пилето околу 25-30 минути (ставете го капакот на тенџерето) и доколку е потребно, дотурете вода или пилешки бујон. Кога месото е готово, може да се заврши јадењето со лукот, ореви и црвениот пипер. По 5 минути отстранете го тенџерето од топлина и сервирајте.