Состојки:
2 парчиња пилешко филе
100 мл течна готварска крем
150 г сино сирење горгонзола (или друг вид)
1 кромид
црн пипер
сол
сосема малку шеќер
50 г Дижон сенф
2 лажици доматно пире
Подготовка:
Пилешкото се соли и пржи во загреано масло. Откако ќе добие малку златен тен извадете го од тавата и оставете го да отстои.
Во истото масло запржете го однапред исечениот кромид и додадете го синото сирење, павлака и доматно пире. Добро промешајте.
Додаде ги зачините и сенфот. Мешајте барем 4-5 минути, пред да го извадите од топлина.
Истурете го пилешкото со добиениот сос и сервирајте топло!
Време за подготовка: 30 минути