[РЕЦЕПТ] Пилешко во крем сос од печурки

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Состојки:
500 г пилешки гради
200 г печурки по избор
1 чаша течен готварски крем
3 лажици брашно
½ мало пакетче масло
црн пипер
сол
црвен пипер8ffe941316f6f6aa7db20bc328835fd3

Подготовка:
Пилешките гради се сечат на крупни парчиња. Се валкаат во зачините, брашното и солта. Потоа се запржуваат во маслото, однапред загреано во длабок сад. Месото се промешува постојано, за да не потемне.
Печурките се мијат и лупат. Се додаваат кон месото заедно со малку вода. Ќе се формира сос кој ќе оставите да поврие неколку минути. Потоа додадете и павлака. Промешајте постојано. Кога јадењето ќе проврие повторно и згусне малку сосот, е подготвено.