Состојки:
3 модар патлиџан
1 чаша бунгур
250 г мелено месо
1 морков
1 голема главица кромид
1 зелена пиперка
2-3 лукчиња
1 домат
масло
црн пипер
ѓумбир
оригано
магдонос
сол
Подготовка:
Бунгурот потопете го однапред од вечерта во вода. Потоа се вари во посолена вода и се остава да се излади. Пресечете модар патлиџан на половина по должината, издлабете го, посолете и оставете да се исцеди, за да се отстрани горчината.
Во тоа време, исчистете го и исечете го останатиот зеленчук и запржете го во добро загреано масло. Додајте една чаша вода, пиперки и внатрешноста на модар патлиџан. Откако ќе поомекнат може да додадете сецкани домати и меленото месо.
Кога меленото месо се пржи може да се стави и исцеди бунгурот и да додадете уште 100 мл вода. Зачинете со зачини.
Во намачкана тава подредете модар патлиџан, намачкајте го со малку маслиново масло и запечете во загреана рерна на 180 степени. Потоа извадете и пополнете со фил и печете до подготвеност.