Состојки:
10 домати
500 г туна од конзерва
¼ чаша ориз
100 г мајонез
1 лажичка рендана кора од лимон
сол
црн пипер
2 лажици магдонос, свеж
Подготовка:
Сварете го оризот во солена вода. Исцедете ја водата и оставете го оризот настрана. Исечете ги капаците на доматите и извадете ги. Издлабете го јадрото.
Во посебна чаша измешајте го јадрото на доматите, рибата туна (исто исцедете ја од сопствениот сос), оризот, мајонезот, лимоновата кора, зачините. Добро промешајте. Наполнете ги доматите со неа и покријте со капаците. Служете како мезе ладно.