Состојки:
7-8 големи црвени пиперки
500 г кравјо сирење
3 јајца
½ главица кромид
300 г излупени домати од конзерва
150 г печурки од конзерва
2-3 страка копар
сол
црн пипер
1 чешне лук / лук на гранули
Подготовка:
Најнапред исечете ги капаците и исчистете ги пиперките од рачките и семките. Во одделен сад измешајте ги јајцата. Во нив искршете го сирењето, печурките, исцедете од сокот од конзервата и додадете зачини. Добро промешајте додека јајцата не се измешаат со сирењето и се формира цврста смеса. Наполнете ги пиперките.
Подгответе го и сосот со кој ќе ги потопите. За целта загрејте масло во тава. Во него испржете сецкан кромид и лук за околу 2-3 минути. Додадете добро испасирани домати. Зачинете со уште сол и бибер по вкус. Промешајте го сосот додека зоврие. Потоа исклучете ја топлината и мешајте уште неколку минути до благо задебелување. Истурете ги пиперките со него и печете во загреана на 180-200 степени рерна 30-40 минути.