[РЕЦЕПТ] Потпечено пилешко со кашкавал, сланина и печурки

од Vladimir Zorba
2,9K прегледи

Состојки:
300 г пилешко филе
100 г пушена сланина
200 г рендан кашкавал
50 г путер
100 мл масло
сол
црн пипер
1 глава кромид
1 врска свеж кромид
250 г печурки6955c437c4e9fe6f1bd88861c47de92d

Подготовка:
Пилешкото филе се сече на големи коцки. Се вари во солена вода. По желба може прво да е сварено месото цело, па потоа да го исечете на крупни парчиња.
Сланинатат се сече на мали коцки. Печурките и двата вида кромид исто се сецкани. Загрејте масло на средна температура во длабок сад и во него испржете ја главицата кромид и младиот кромид. Извадете ги од тавата. Исцедете ги и распространете на дното на тавата за печење.
Пржете  ги печурките, претходно исечени. Потоа ставете ги и нив. Конечно запржете ги пилешкото и сланината во маста. Наредете и нив во садот и распрснаете врз нив парченца путер. Посипете со кашкавал и зачини (сол и црн пипер) и печете во загреана на 200 степени рерна.