296
Состојки:
300 г спанаќ
200 гр коприва
2 глави кромид
1 јајце
½ чаша ориз
сол
црн пипер
2-3 страка свеж магдонос
1 грст маслинки
4-5 лажици масло
3 лажици кисело млеко
крутони
Подготовка:
Загрејте масло во длабока тава. Во неа запржете го зеленолистниот зеленчук, додека омекне. Промешајте ги, за да не загорат. Прелијте со топла вода до работ на тенџерето, а потоа додадете го и оризот. Откако оризот ќе е варен, на ред е остатокот. Полека додадете го јајцето и киселото млеко, мешајќи. На крај додадете зачини и маслинките. Гарнирајте со ситно сецкан магдонос и сервирајте со крутони.