[РЕЦЕПТ] Пржена кисела зелка со сланика, лук и кромид

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Состојки:
300 г пушена сланина или свински ребра
1 голема главица кромид, исечена на коцки
2 чешниња лук, сецкани
500 г кисела зелка, исечена
1 лажица сол или по вкус
1 лажичка црн пипер
1 лажичка црвен пипер
½ лажичка лук во гранули
1 ловоров лист
Подготовка:
Испржете ја прво сланината во загреано масло на средна температура додека не фати блага коричка или златна боја. Тоа трае околу 7-8 минути. Додадете кромид и лук. Промешувајте постојано додека се карамелизира или за околу 10 минути.

Потоа додадете ја и зелката. Измешајте ги убаво сите производи, додека се измешаат добро. Додајте ги и зачините и ловоровиот лист. Намалете ја температурата до тивок оган и оставете да покркори така за околу 20 минути. Пред да сервирате, отстранете го ловоровиот лист.