[РЕЦЕПТ] Пржена скуша со фин сос

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Состојки:
4 филети скуша
брашно за валкање
масло
сол, црн пипер
За сосот:
1 глава сецкан кромид
1 лажица Дижон сенф
150 мл бело вино
200 мл течен крем за готвење
сол, бибер по вкус32f5e687d68d5bd0eb91e4bd110c4405

Подготовка:
Зачинете ја исчистената риба со сол, црн пипер и извалкајте ја во брашното. Ставете ја да се пржи во добро загреано масло со кожата надолу. Ако преферирате може да ја испечете на грил тава. За секоја страна ќе бидат потребни околу 3-4 минути.

Потоа извадете ги рибните филети и ставете врз кујнска хартија. Во друг сад стопете путер и запржете во него сецкан кромид. Додадете го виното и по минута ставете ги павлаката и сенфот.

Откако сосот ќе се згусне може да зачинете со малку сол и црн пипер. Ставете ја рибата во соодветна чинија и преливајте со сосот. Додатоците се по ваш избор.