Состојки:
1 пакетче лиснато тесто
150 г шунка исечкана фино
150 г кашкавал гауди, исто сечен на ситно
1 жолчка
Подготовка:
Ставете го замрзнатото тесто врз кујнската површина и нежно расукајте го. Наредете ги на него целите парчиња шунка, а врз нив ситно исечениот кашкавал. Заврткајте во ролна и исечете на тркалца со дебелина од околу 2,5 см. Ставете ги ролните легнати во благо намачкани тави.
Намачкајте ги со жолчка и печете во загреана рерна на 180 степени. При сервирање може да принесете кечап, сенф или саканиот ваш сос.