Ви претставуваме една крем салата со брокула, чедар и крцкави бадеми. Таа ќе ви се допадне многу, особено ако сте фан на суровата брокула.
Зеленчукот останува доста свеж, но сочен поради преливот. Покрај тоа салатата е прилично убава и шарена поради сланината и сирењето чедар.
Потребни производи : за дресингот: 1 чаша мајонез, 2 лажици јаболков оцет; 3 лажици мед или шеќер; 1/4 лажичка сол; 1/4 лажичка мелен црн пипер.
За салатата: 10 големи розички брокула, се сечат на мали парчиња (ќе ви треба околу 2 кг брокула); 1 чаша рендано сирење чедар;1/3 чаша сецкан црвен кромид; 6 парчиња сланина; 1/2 чаша сецкани бадеми. Забелешка: Ставете ги само розичките на брокулите, без стебла.
Инструкции за подготовка:

Направете дресинг: измешајте ги мајонезот, оцетот, со мед, сол и црн пипер во мал сад. Мешајте додека смесата не стане хомогена и тргнете настрана.

Во голем сад се комбинираат брокулите, сирењето чедар и црвениот кромид. Додадете од преливот и мешајте со голема лажица. Покријте ја салатата и нека отстои во фрижидер додека не одлучите да ја сервирате.

Непосредно пред сервирање испржете сланина во тава без масло и додадете ја во салатата, исечена на парчиња. Конечно додадете ги и бадемите. Коригирајте ја салатата на вкус со зачини, ако е потребно.
Послужете ја ладна или на собна температура.