Состојки:
1 средно голем модар патлиџан
1 чешне толчен лук
3 лажици мајонез
2 тврдо варени јајца
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Исечете модар патлиџан на тенки ленти и испржете ги во добро загреано масло. Извадете ги на кујнска хартија за да се одземе дел од маста. Потоа ставете ги во сад и додадете кон нив исечени јајца, лук, сол, бибер по вкус и мајонезот. Добро промешајте и сервирајте.