[РЕЦЕПТ] Салата со пилешко и бејби моцарела

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Состојки:
500 г пилешки гради
10-12 шери доматки
1 голема глава кромид
10-12 бејби моцарела, може и маринирана
сол, црн пипер
маслиново масло, оцет балсамико88b74f565998d0d2653ce7375e206fb0

Подготовка:
Зачинете го месото од двете страни со малку сол и црн пипер. Загрејте ја добро тавата и додајте во неа неколку капки маслиново масло. Ставете го пилешкото филе. Ќе му требаат околу 10-12 минути. Кога месото е готово, може да го исечете на мали парчиња.
Ставете го во сад и додадете кон него сецкан кромид, моцарела, шери доматките, сол, бибер по вкус, неколку капки оцет и маслиново масло по вкус.