Состојки:
300 г кратка паста
200 г исчистени ладни ракчиња
10-12 шери домати
350 г свежи печурки
неколку страка зелен кромид или една глава стар
4 лукчиња
сол, црн пипер
маслиново масло
лимон
Подготовка:
Ставете ја пастата да се вари според инструкциите на пакувањето. Непосредно пред да ја извадите од топлина, додадете и ракчиња кон неа. На нив ќе им требаат околу 2-3 минути, по што може да ги исцедите.
Во тава загрејте неколку капки маслиново масло и ставете исечени кромид, лук и шери доматките. По околу 5 минути додадете исечени печурки, малку сол и црн пипер. Кога ќе поомекнат може да ја додадете пастата и ракчињата.