[РЕЦЕПТ]Шпагети со мелено месо и зеленчук во рерна

од Vladimir Zorba
374 прегледи

Состојки:
1 пакетче шпагети
300 г мелено месо
1 пиперка
1 кромид
3 домати, излупени
100 г печурки од конзерва
50 г маслинки
1 чаша рендан пармезан
црн пипер
сол
оригано (или босилек по избор)
2 чаши зеленчукова супа, растворен806d49982660d28080238a699e96bc28

Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена вода. Исцедете ги и вратете ги назад во тенџерето. Подгответе тава за печење намачкајте ја со малку масти. Загрејте ја и рерната на 200 степени.

Испржете го меленото месо заедно со ситно сецкан кромид и пиперки. Промешајте постојано додека производите не омекнат и добијат златна боја. Додадете ситно исечкани домати, печурки и маслинки (може цели, може и сечени). Зачинете со зачини и сол.

Префрлете ги сите производи заедно со шпагетите во тава за печење. Истурете со супа. Печете во загреана рерна околу 30 минути. Малку пред крајот додадете пармезан, за да се запече.