Состојки:
1 пакетче лиснато тесто
1 тегла слатко по избор
3 лажички шеќер во прав
1 течна ванила
50 мл вода
Подготовка:
Пресечете го лиснатото тестото на правоаголници. Ставете врз секој правоаголник по една лажичка џем. Завиткајте го тестото во ролна или завртетете ги двата краја, па баничките да заприлегаат на коверти за писмо. Филот е по избор.
Загрејте ја рерната на околу 180 степени и печете до светло кафена боја.
За глазурата: Истурете ванила и вода во шеќер во прав. Измешајте добро, за да се добие нешто како каша. Намачкајте ги баничките со смесата. Откако ќе се изладат сервирајте со уште слатко.