Рецепт: Смути со киви и ѓумбир

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Едноставно, многу вкусно смути за почеток на новиот ден.

Состојки:

(за 2 лица)

– 1 поголема банана

– 4 киви

– парче ѓумбир

– 1-2 лажички кафеав шеќер или мед

– 1 мала шолја цеден сок од портокал

Подготовка:

Излупените киви и банана се сечат на парчиња и се ставаат во блендер.

Изрендајте ја кората од ѓумбирот, исечкајте го и додадете го во бананите и кивито.

Потоа додадете го исцедениот сок од портокал и кафеавиот шеќер или медот и сè измешајте додека не добиете еднолична смеса.

Готовиот пијалок ставете го во чаши и послужете.

Пријатно!

Слични содржини