Состојки:
300 г брашно
½ чаша масло
2 јајца
300 г јогурт
малку сол
пакетче прашок за пециво
150 г кашкавал, рендан
100 г топено сирење
2-3 лажици сув босилок
Подготовка:
Во една чаша измешајте ги јајцата, јогуртот и маслото. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашното, солта и прашокот за пециво.
Потоа измешајте ги двата вида состојки и промешајте енергично, за да се добие хомогена смеса. Конечно додадете рендан кашкавал и исецкано топено сирење. Измешајте и додадете босилек.
Истурете ја смесата рамномерно во калапите за мафини внимавајќи да не ги преполнувате. Имајте на ум дека тестото ќе нарасне и ќе излезе од форма.
Печете во загреана на 180-200 степени рерна околу 30 минути.