533
Идеален избор за појадок:
Состојки:
1 мала тиквичка
1 јајце
1 лажица маслиново масло
120 гр грчки јогурт
1/2 лажичка прашок за пециво
1/4 лажичка сода бикарбона
50 гр брашно
по вкус сол
по вкус бибер
Подготовка:
Тиквичките изрендајте ги (не мора да чекате да пуштат вода), додајте јајце, масло и јогурт. Соединете сè и додадете брашно измешано со прашок за пециво и сода бикарбона, па зачинете по вкус.
Пржете во тавче со малку масло кое претходно сте го загреале до максимум, па намалете ја температурата, на пример, 6 од 9, се гледа од шпоретот, за рамномерно да се испече од двете страни, да не остане „живо“ внатре.
Ставете по една и пол лажица од смесата, кога ќе се појават меурчињата, превртете.
Пријатно!