[РЕЦЕПT] Свежа француска салата со мајонез и дресинг

од Vladimir Zorba
526 прегледи

Состојки:
1 зелена кадрава салата
1 црвена кадрава салата
2 краставици
250 г домати
50 г маслинки
150 г пченка
½ лимон
3 лажици маслиново масло
50 мл мајонез
1 глава црвен кромид
50 мл павлака
1 лажица сенф
сол
црн пипер
Подготовка:
Измијте го и исечете го зеленчукот, а кадравите салати искинете ги, за да се свежи. Ставете ги во длабок сад. Исцедете сок од лимон. Одделно направете дресинг со тоа што ќе ги измешате маслиновото масло, павлаката, мајонезот и зачините. Промешајте и полејте ја салатата, за сервирање.