Состојки:
500 г телешко бонфиле
1 чаша оцет балсамико
5 лажици маслиново масло
3 лажици мед
½ чаша соја сос
сол
црн пипер
2 страка магдонос
2 чешниња лук
2 лажици сецкан кромид
1 пиперка
Подготовка:
Во сад измешајте ги сите зачини. Добро промешајте. Во нив потопете го бонфилето што претходно сте го оформиле за пржење. Оставете го да прими од маринадата цело деноноќие или само во текот на ноќта.
Извадете ги стековите од маринадата. Исцедете ја. Пржете го бонфилето во масло во тава на средна температура. По желба од маринадата можете да приготвите сос грејви во истата тава и додадете малку брашно. Промешајте додека не се згусне и истурете го бонфилето со неа.