Рецепт: Тестенини со ракчиња

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Тестенини кои брзо се подготвуваат и се многу вкусни.

Состојки:

– 250 гр тестенини

– 2 чешниња лук

– 1 црвена пиперка

– 1 праз

– 200 гр ракчиња

– 100 мл павлака за готвење

– 2 лажици пасирани домати

– сол, бибер

– 200 мл вода за тестенини

Подготовка:

Ставете ги тестенините да се варат во солена вода. Додека тестенините се варат, подгответе го сосот.

Кромидот исечкајте го на ситни парчиња, а пиперката на коцки.

Загрејте масло, па испржете ги двата кромида, додадете ги ракчињата и добро измешајте.

Оставете ги убаво да се пропржат неколку минути, па додајте пиперка, пасирани домати и убаво измешајте. Веднаш зачинете со сол и бибер.

Оставете да се крчка 10 минути додека ја додавате водата во која се варени тестенините.

Додадете дополнителен зачин по желба и на самиот крај додадете павлака, па сварете уште малку.

Прелијте ги тестенините со сосот и послужете.

На Здравје!

Слични содржини