[РЕЦЕПТ] Топла салата со леќа, печурки и сланина

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Состојки:
1 чаша леќа
250-300 г свежи печурки по ваш избор
1 голема глава црвен кромид
300 г сланина
4 лукчиња
сол, црн пипер
маслиново масло, сок од лимон
едно парче путер
545b8145b75fe4a67d67da3f8256bd21Подготовка:
Ставете ја леќата да се вари, а кога е подготвена исцедете ја. Во тава стопен путер и пропржете исечени кромид и лук. Потоа додадете печурки, сол, црн пипер и магдонос.

Кога печурките ќе подомекнат, ставете ја и леќата и гответе ја 2-3 минути. Во одделна тава испржете ја  до добивање златна боја сланината. Прелијте ја салатата во сад и украсете со сланина. По желба зачинете со малку лимонов сок и маслиново масло.