Состојки:
500 г брашно
1 коцка жив квасец или 1 пакетче сув
штипка сол
1 лажичка шеќер
1 и ½ чаши вода
Подготовка:
Измешајте ги сите производи со тоа што најнапред се топи квасецот во дел од водата на собна температура. Замесете меко тесто. Расукајте подебела кора. Од неа со помош на помала чинија исечете кругови. Од така исечените кругови исечете помали со помош на чаша или чинија со помала големина, за да се добијат дупките на ѓеврек.
Во длабока тава загрејте вода. Во неа се потопуваат оформените гевреци. Варете ги неколку минути. Кога ќе почнат да пловат на површината значи се подготвени. Исцедете ги од водата, по што ги потпекувате во загреана на средна температура рерна.
762