[РЕЦЕПТ] Вегански пржени кришки со банана

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Состојки:
5 парчиња леб
2 банани, се сечат на кругови
200 г тофу
5 лажици јаворов сируп
1 ванила
½ чаша бадемово млеко (може и соја)
2 лажици кокосово масло
100 г оревиcecbf7181164f1e6335e412b10919f6d

Подготовка:
Со мешалка или миксер измешајте ги едната банана, тофу, ванила, бадемово млеко и јаворов сируп. Потопете го секое парче леб во смесата додека не се накваси подобро од секаде. Пржете во однапред загреаното на средна температура кокосово масло. Готовите парчиња полејте ги со уште малку јаворов сируп и гарнирајте со сечена банана. Посипете со мелени ореви по избор.