Состојки:
400 г брашно
60-70 г путер
600 мл вода
6 јајца
500 г шеќер
½ лажичка сол
300 мл масло за пржење
Подготовка:
Во тенџере измешајте половина од водата, маслото, половина шеќер и солта. Оставете ја смесата на средна температура додека зоврие со постојано мешање. Кога ќе зоврие полека се додава брашното и се меша за да не останат грутки.
Откако ќе се добие меко тесто се префрла во сад и се остава да се олади. Промешувајте повремено со метална лажица, за да не се затегне премногу. Потоа кон него се додаваат јајцата и се промешува многу добро со лажица или со рака.
Маслото се загрева на шпоретот на средна температура во длабок сад. Тестото се става во шприц и со негова помош се оформуваат тулумбите. Откако сте ги испржиле, ставете ги тулумбичките во соодветен сад за сервирање.
За сирупот/шербетот:
Измешајте го останатиот шеќер со уште една чаша вода. Промешајте го добро. Ако преферирате да се потопат тулумбите кога веќе изладени, сирупот треба да е жежок. И обратно – ако тулумбите се топли, сирупот треба да е ладен, кога ги полевате.