Рецепт за денешниот ручек: Лазања со спанаќ и сирење

од Vladimir Zorba
421 прегледи

Лазањите со зеленчук и два вида сирење се секогаш добар предлог за ручек.

Состојки:

– пакување лазања

– 1 црвен кромид

– 4 чешниња лук

– 2 јајца

– 250-300 гр спанаќ

– 400 гр рикота сирење

– 200 гр моцарела

Сос:

– Малку сос од домати

– Малку маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Во тава пропржете го кромидот. Динстајте додека не омекне и порумени, а потоа додадете го лукот, па динстајте уште малку.

Се трга на страна да се излади малку.

Во поголем сад изматете ги јајцата, додадете ги рикота сирењето, спанаќот и 100 гр моцарела. Додадете сол и бибер.

Кога смесата со динстаниот кромид ќе се олади, додадете ја во смесата со спанаќ. Сè добро измешајте.

Во длабок сад измешајте ги доматите, малку маслиново масло и сол.

На дното на тавата ставете сос од домати, потоа ставете ги листовите лазања, а врз нив посипете ја мешавината од спанаќ и сирење.

Повторете три пати сè (освен сосот) и на крајот прелијте го преостанатиот сос од домати и моцарелата.

Покријте со фолија и печете 30 минути. Отстранете ја фолијата, па вратете се да се пече уште 15 минути.

Пријатно!

Слични содржини