Рецепт за непечена торта со јагоди: Брз кремаст десерт кој се прави за 15 минути

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Потребни се само 15 минути за да го направите овој рецепт, а потоа да имате само малку повеќе трпение за да се излади во фрижидер. Но, кога ќе го пробате, ќе сфатите дека вредеше да се чека.

Состојки:

400 гр мелени бисквити
400 гр јагоди
125 гр путер
1 чаша сок од портокал
200 гр шлаг
2 чаши кисела павлака
200 гр шеќер во прав
3 дл кисела вода
2 кесички желатин

Подготовка:

Земете тркалезна тава за колачи со страни. Изматете ги бисквитите со путерот и додадете го сокот од портокал. Кога масата ќе стане мазна, на дното од калапот формирајте кора, одозгора убаво измазнете ја и ставете ја во фрижидер додека го правите остатокот од колачот.

Шлагот додадете го во подлабок сад, па изматете го со миксер со кисела вода за да стане поцврст. Во друг сад изматете ја павлаката со шеќерот во прав. Во шлагот додадете ја павлаката и сè заедно соединете.

Добро измијте ги јагодите и издвојте 10 парчиња за украсување.

Остатокот од јагодите изблендирајте го, исцедете го вишокот сок, па додајте ја павлаката и шлагот. Сè изматете со миксер да се изедначи.

Подгответе го желатинот како што е напишано во упатството на кесичката. Растворете го во малку вода, почекајте да набабри, а потоа загрејте го на тивок оган да се растопи. Полека додајте го во овој фил додека ги матете шлагот и јагодите. Извадете ја кората од фрижидер и одозгора ставете го шлагот, павлаката и филот со јагоди. Одозгора украсете ја тортата со парчиња јагоди. Ставете го во фрижидер и оставете го да се стегне.

По два часа е подготвен за послужување. Уживајте во ова кремасто задоволство.

Слични содржини