286
Состојки:
(за 3 лица)
7-8 парчиња бисквити по желба
1/2 лажичка цимет
150 гр густ јогурт
1 дл слатка павлака
100-150 гр јагоди
1 лажица кафеав шеќер
Подготовка:
Бисквитот издробете го, па измешајте го со цимет и ставете го на дното од чашата.
Изматете ја слатката павлака, додадете густ јогурт и кафеав шеќер и сè убаво соединете.
Преполовете ја смесата и на една додадете јагоди и измешајте.
Наредете ги бисквитите, измешаните јагоди и потоа малку сечкани јагоди и потоа мешавина од слатката павлака и јогурт.
Украсете со јагоди и распарчени бисквити или по желба.
Изладете и послужете.