Рецепт за „шарен“ омлет: Појадок полн со витамини кој со задоволство ќе го подготвувате

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Речиси на сите луѓе им е потребен здрав, брз, вкусен и исполнет појадок. Сепак, многу е тешко да се комбинира сето ова и да се најде време за подготовка на храна, па многу луѓе се одлучуваат да го купат првиот оброк во пекара.

За среќа, постои едно јадење кое е се од горенаведеното, а тоа е омлет од зеленчук.
Најдобро од сè, можете да додадете зеленчук и зачини кои вие ги сакате и на тој начин да експериментирате со вкусови.

Состојки:

3 јајца
1 домат
1 пиперка
кромид
сол, бибер
оригано
масло за пржење

Подготовка:

Јајцата се матат додека не станат пенасти, а потоа се посолува и се додава бибер. Доматот, кромидот и биберот ситно исечкајте ги.

Во загреана тава сипете малку масло, па додајте ги изматените јајца да се пржат.

Намалете ја топлината, а потоа ставете го зеленчукот на сè уште ровките јајца и ставете капак на тавата.

Кога долната страна од омлетот е готова, свртете го на другата страна и кратко пропржете.

Готовиот омлет преклопете го на половина, посипете го со оригано и послужете го топол со вашата омилена салата.

На здравје!

Слични содржини