Рецепт: Зелени палачинки

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Модни трендови во готвењето, зошто да не? Треба да пробате нешто ново, иако, кога се во прашање палачинките, како и повеќето други, апсолутно ништо не треба да се додава или одзема.

Универзална, со векови стара, одлична комбинација на едноставни состојки за слатки и солени јадења.

Иако за малку постарата генерација беше нормално да се јадат слатки палачинки, па потоа стана ново нормално да се јадат солени палачинки, а сега и во обоени.

Ќе ги пробаме, па на кој му се допаѓаат, му се допаднале, барем ќе се забавуваме додека ги правиме.

Што ни треба:

3 јајца
200 мл млеко
100 гр брашно
20 листови спанаќ
прстофат сол
масло (за пржење)

Начин на подготовка:

Измијте ги листовите спанаќ, отстранете ги стебленцата.

Сите состојки се ставаат во блендер, треба да се добие фина хомогена смеса како за палачинки. Потоа на стандарден начин, со малку масло во тавче пропржете ги палачинките.

Па, кога станува збор за сервирање, веќе би можеле да ја искористите вашата фантазија – кашкавал со некое сувомеснато, овчо сирење со додавање на лажица ајвар итн.

Можеби само да ставите сецкан зеленчук, домати, кромид, пиперки во палачинката.

Уживајте!

Слични содржини