[РЕЦЕПТ] Зимска салата со грав и пченка

од Vladimir Zorba
564 прегледи

Состојки:
200 гр кафеав грав
150 г бел грав
150 г црвен грав
150 г пченка
½ чаша зелена пиперка, исечкана
½ чаша кромид, сецкан
½ чаша целер, ситно исечкан
½ чаша маслиново масло
½ чаша оцет
½ лажичка сол
½ лажичка црн пипер, мелен
1 лажица шеќер
Подготовка:
Измешајте го сиот зеленчук во сад. Одделно промешајте ги состојките за преливот. Измешајте ги добро и  прелијте ја  салатата пред сервирање.
Време за подготовка : 15 минути